30 Јун Рурален развој во општина Центар Жупа преку изградба на инфраструктурни објекти
ЦеПроСАРД започна со изработка на физибилити студија, документ за оправданоста на проектот “Изградба и реконструкција на општински пат од населено место Елевци до населено место Долгаш” во општина Центар Жупа. На 30.06.2018 година претставници од тимот на ЦеПроСАРД, ја посетија општина Центар Жупа. Во текот на посетата беа остварени одделни средби со градоначалникот на општината м-р Аријан Ибраим и членови на општинскиот совет. Беше формирана фокус група на граѓани од населените места во општината и општинската администрација. Целта на фокус групите беше утврдување на реалните потреби од реализација на проектот во општина Центар Жупа. По интервјуто направено со градоначалникот и граѓаните активностите продолжија на терен каде на лице место беше направен увид во фактичката состојба.
Проектот ќе се финансира со заем од Меѓународната банка за инвестиции и развој (Светска банка), преку МСИП 2 проектот за подобрување на општинските услуги.