ЦеПроСАРД во соработка со Министерство за здравство започнува со изработка на база на податоци за потрошувачката на енергија на болниците во Република Македонија

ЦеПроСАРД во соработка со Министерство за здравство започнува со изработка на база на податоци за потрошувачката на енергија на болниците во Република Македонија

Во рамки на проектот ZeNH Balkan – Болници со енергија блиску до нула во Балканскиот регион на 27.11.2018 претставници од тимот на ЗГ ЦеПроСАРД и Министерството за здравство, одржаа состанок во просториите на министерството. Целта на состанокот беше креирање на база на податоци за постоечката состојба и потрошувачката на енергија на болниците во РМ.

Проектот ZeNH Balkan – Болници со енергија блиску до нула во Балканскиот регион, партнерски се имплементира од: Democritus University of Thrace како лидер на проектот и партнерските организации CeProSARD од Република Македонија; Albaforest – Centre for Forest Studies and Consulting од Република Албанија; Sofia Energy Centre Ltd од Република Бугарија и The Cyprus Institute Ltd од Република Кипар.

Овој проект е финансиран од Европската Унија.

СИТЕ НОВОСТИ