17 Јун По проектот ZenH Balkan, беше презентирана постоечката состојба во врска со енергетската ефикасност на објектот ЈЗУ Општа болница Охрид
Експертите кои се ангажирани од ЗГ ЦеПроСАРД за спроведување на енергетска контрола на болници по проектот „Болници на Балканот со енергија близу нула“ – ZenH Balkan, на 17.06.2019год. ги презентираа резултатите од посетата на ЈЗУ Општа болница Охрид пред проектниот тим, во просториите на ЗГ ЦеПроСАРД.
Овие активности се спроведуваат за избор на соодветни болници во Република Северна Македонија, кои според предвидените активности, ќе бида избрана за „преглед во од” и детална енергетска контрола, за кои ќе бидат подготвени соодветни документи.
Партнери во проектот:
• Демокрит Универзитетот во Тракија, Одделот за инженерство на животната средина, Ксанти, Грција
• АЛБАФОРЕСТ, Албанија
• Софија енергетски центар ДОО, Бугарија
• Институт Кипар, Кипар
Донатор:
ИНТЕРРЕГ Балкан-Медитеран 2014-2020 Европски фонд за регионален развој