За проектот „Болници на Балканот со енергија близу нула“ – ZenH беа презентирани резултатите од спроведена енергетска контрола во Специјална болница за гинекологија и акушерство “Мајка Тереза“

За проектот „Болници на Балканот со енергија близу нула“ – ZenH беа презентирани резултатите од спроведена енергетска контрола во Специјална болница за гинекологија и акушерство “Мајка Тереза“

По собирањето на податоци, извршените мерења и нивна анализа за Енергетска контрола на Специјална болница за гинекологија и акушерство “Мајка Тереза“ во Скопје, експертите кои беа ангажирани од ЗГ ЦеПроСАРД за спроведување на енергетска контрола, ги презентираа добиените резултати пред проектниот тим, во просториите на ЗГ ЦеПроСАРД.

Овие активности се спроведуваат за постигнување на една од целите на проектот – Подготовка на детална анализа и тестирање на модели за надградба на болнички згради во згради со енергија близу до нула. Ова е прв детален енергетски преглед на болничка зграда во Република Северна Македонија. Подготвената документација ќе биде доставена на користење на Министерството за здравство, кое даде поддршка во реализацијата на овој проект.

Партнери во проектот:
• Демокрит Универзитетот во Тракија, Одделот за инженерство на животната средина, Ксанти, Грција
• АЛБАФОРЕСТ, Албанија
• Софија енергетски центар ДОО, Бугарија
• Институт Кипар, Кипар

Донатор:
ИНТЕРРЕГ Балкан-Медитеран 2014-2020 Европски фонд за регионален развој

СИТЕ НОВОСТИ