14 Јун Јавно отварање на понуди за набавка и инсталација на високо енергетски ефикасни топлински пумпи за греење на пет јавни објекти во општина Радовиш
ЗГ ЦеПроСАРД и Општина Радовиш на 14.06.2024 година спроведоа јавно отварање на пристигнати понуди за тендерската постапка за набавка и инсталација на високоефикасни топлински пумпи на пет објекти во општината. Активноста се имплементира во рамки на проектот Зелена топлина кој овие два субјекти партнерски го спроведуваат, а е ко-финансиран од Европската Унија.
Со оваа активност, општина Радовиш има намера да додели договор за изведба – клуч на рака, за обезбедување работи за поставување на високоефикасен алтернативен систем за греење во општинското основно училиште „Крсте Петков Мисирков“, средното општинско училиште „Коста Сусинов“, клонот „Цветови“ на детската градинка „Ацо Караманов“, спортската сала „25 Мај“ и општинската административна зграда во Радовиш.
На јавното отворање присутвуваа и овластените лица на понудувачите.
За подетални информации во врска со проектот Зелена топлина, посетете ја нашата web страна Зелена топлина – воведување ефикасна услуга за греење ориентирана кон потрошувачите (преку мала дистрибутивна мрежа) која е базирана на обновливи извори на енергија