24 Мај Четврта ОБУКА ЗА ПАМЕТНО РУРАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО за лица од Пелагонискиот плански регион во среда, 26 мај
Последната од серијата четири работилници за паметно рурално претприемништво кои се организираат во рамки на проектот SmartRural, ќе се одржи преку платформата ZOOM на 26 мај 2021 (среда), со почеток од 10,30 – 13,00.
Тема на работилница: SMARTRURAL Бизнис модел и неговите алатки.
Ги покануваме заинтересираните лица од Пелагонискиот плански регион да се пријават за учество.
Тематски области кои се опфатени со четирите работилници:
• Вовед во политиките на паметно рурално претприемништво
• Трендови и нови рурални бизнис можности
• Паметно рурално претприемништво за паметен рурален развој
• SmartRural бизнис модел и неговите алатки
Работилниците ги организира ЦеПроСАРД. За дополнителни информации обратете се на: info@ceprosard.org.mk, 02 3061 391
Проектот SmartRural го имплементира Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Се спорведува во рамки на програмата INTERREG Balkan-Mediterranean и е ко-финансиран од ЕУ и националните фондови на земјите учеснички.