30 Окт ЦеПроСАРД ја заврши Програма за обука за услужување на туристите како активност од проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри/FRET-STIC“ за учесниците на македонски јазик
Posted at 10:15h
in Новости
На 30.10.2020, заврши вториот дел од обуката преку ZOOM платформата, наменета за учесниците на македонски јазик, која започна на 26.10.2020.
Програмата и распоредот за обука се дизајнирани од ангажираниот деловен аналитичар за вработените во СТИК – од секоја страна на границата – како продолжување на претходната обука „Обука за психологија на потрошувачите и маркетинг на социјални медиуми“.
Обуката ќе обезбеди:
Усвојување на нови, генерички деловни процеси во секојдневната работа при услужување на туристи и собирање на податоци од туристите, користење на СТИК платформата, запознавање на туристичките локации во прекуграничниот регион, како и познавање од психологијата на услуги на потрошувачи.
Партнери во проектот се:
- Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД како организација лидер;
- Општина Тетово
- Regional Development Agency South, Косово
Донатор:
Европска Унија