15 Окт ЦеПроСАРД, со свој претставник учествуваше на настанот „Улогата на жените во руралните средини и нивните предизвици“ кој се одржа на 15.10.2018година
Марија Мојсовска како дел од тимот на ЦеПроСАРД присуствуваше на настанот кој се организираше по повод Меѓународниот ден на жената од руралната средина во Етно село, Кучково. На настанот претставници од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Националната федерација на фармери, Мрежата за рурален развој на РМ и општините кои работат на полето на зјакнување на жените во руралните средини ја потпишаа Декларацијата за подобрување на социјалната и економска положба на жените од руралните средини. Настанот беше организиран од страна на Националната федерација на фармери, Мрежата за рурален развој на РМ во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна и со поддршка на We Effect и Канцеларијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Women во Скопје.