ЦеПроСАРД со свој претставник учествуваше на четвртиот отворен ден кој се однесува на „Планот за чист воздух“

ЦеПроСАРД со свој претставник учествуваше на четвртиот отворен ден кој се однесува на „Планот за чист воздух“

На 16.01.2019 година ЗГ ЦеПроСАРД претставувано од г-ѓа Марија Мојсовска, инженер за заштита на животната средина, присуствуваше на четвртиот од серијата Отворени денови за иницијативи на граѓански организации кој се однесува на „Планот за чист воздух за 2019-та година и временската рамка за спроведување на истиот “. Настанот се одржа во Медија центарот во Владата на Република Македонија.

На настанот се обратија Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, шефот на кабинет на градоначалникот на Град Скопје, Никола Наумоски, Дарко Блинков од Државниот инспекторат за животна средина и Ана Чоловиќ Лешоска, од здружението „Еко – свест“. Дискусијата беше отворена за претставници на граѓанското општество и се дискутираше за четирите компоненти од Програма за намалување на аерозагадувањето за 2019-та.

Во процесот на имплементација на Планот за чист воздух предвидено е активно да бидат вклучени и здруженијата на граѓани, посебно во делот на детекција на печките на јаглен и процесот на едуцирање на граѓаните и иницирање на нивна замена со еколошки уреди (инвертери, печки на пелети и поефикасни печки на дрва).

Во овој процес предвидена е финансиска мотивација на ЗГ по учинок.

https://vlada.mk/node/16406

СИТЕ НОВОСТИ