18 Апр ЦеПроСАРД со партнерите од RDA-South од Призрен, Република Косово одржа редовен координативен состанок во рамки на проектот “Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри – ФРЕТ СТИК“
Партнерите на проектот “Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри” – ФРЕТ СТИК“, ЗГ ЦеПроСАРД Скопје, и RDA South на 18.04.2019 година, одржаа редовен координативен состанок.
Конструкцијата на СТИК е дел од активностите предвидени со проектот за развој и промоција на локалниот и регионалниот туризам преку иновативни пристапи и системи за подобрување на руралното и еколошкото искуство, како и создавање на поволно опкружување за стратешки дофат и бенефит не само од националните и регионалните пазари, туку и од новите меѓународни пазари во туристичката индустрија.
На состанокот се разговараше за градежните работи кои се во тек за изведување на констукциите на СТИК-овите, процедурите и документацијата за локациите на поставување, набавката на преостанатата ИТ опрема која е дел од СТИК-от, како и статусот на изработка на софтверскиот дел.
Партнерите разменија информации и за други теми поврзани со проектот, како што е подготовка на документација и изработка на интерим репорт.
Проектот е финансиран од ЕУ.