11 Мар ЦеПроСАРД организираше обука за Психологија на потрошувачите и Маркетинг на социјални медиуми како дел од проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“
На 10ти и 11ти март, 2020, беше организирана обуката како дел од проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“, со наслов на обуката: „Обука за психологија на потрошувачите и маркетинг на социјални медиуми“ спроведена од д-р Крсте Маљановски и г. Јован Стоименовски, во просториите на „Смарт Билдинг Солушнс“ и траеше два дена
Главната цел на обуката за Психологија на потрошувачите и Маркетинг на социјалните медиуми е учесниците од Тетово и Призрен да се стекнат со основни знаења за психологијата на потрошувачите и маркетингот на социјалните медиуми што ќе им помогнат во нивните секојдневни активности со цел да разберат на што да се фокусираат при управувањето со нивната работа, особено на комуникацијата со акционерите и туристите.
Од обучувачот беа применети неколку техники кои вклучуваа прашања и одговори, спонтани групни дискусии за развивање идеи и решенија, дискусии за анализа и практично спроведување, како и презентација од компанија која се занимава со виртуелна реалност и 3Д скенирање на просторот.
Партнери во проектот се:
- Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД како организација лидер;
- Општина Тетово
- Regional Development Agency South, Косово
Донатор:
Европска Унија