12 Фев ЦеПроСАРД одржа состанок со компаниите поканети да земат учество на тендерот за изградба на Туристички Информативен Центар по проектот FRET-STIC
Posted at 10:58h
in Новости
На 12.02.2019-та во организација на ЦеПроСАРД, се одржа состанок со компаниите поканети за учество на тендер кој го спроведува ЦеПроСАРД, во рамки на проектот „FRET-STIC“. Тендерот се спроведува за изградба на Туристички Информативен Центар, и на состанокот беше водена конструктивна дискусија за условите, роковите и други поединости. Компаниите поставуваа прашања, а членовите на проектниот тим одговараа. Прашањата и појаснувањата беа за начинот на спроведување на тендерот, потребната документација, рокови и квалитет на изведба на работите.
Проектот е финансиран од Европската Унија.