24 Јун ЦеПроСАРД зеде активно учество во презентација на стратешкиот документ – “Општински план за обновлива енергија“ на Општина Карпош изработен од страна на ЕНВИРОС и неговите локални експерти
Во салата на училиштето Лазо Трповски на 24.06.2021 (четврток) беше презентиран стратешкиот документ – “Општински план за обновлива енергија“ на Општина Карпош изработен од страна на ЕНВИРОС и неговите локални експерти, настан на кој активно учество зеде и тимот на ЦеПроСАРД.
Документот е изработен во рамки на проектот „Општински план за обновлива енергија: Иновативно искористување на сончевата енергија во општина Карпош“, кој се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) преку Словачкиот фонд за предизвици, со финансиска поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Република Словачка. Преку предлагање иновативни и реплицитни технички и деловни решенија, целта на документот е да се поттикне употребата на обновливите извори на енергија и да се предложат сеопфатни и иновативни модели за транзицијата забрзано да се придвижува кон безбедно, рентабилно и одржливо снабдување со енергија за локалните заедници.
Преку соработка со локалната самоуправа, експертскиот тим на ЦеПроСАРД беше вклучен во изработка на стратешкиот документ и на вчерашниот настан г-ѓа Светлана Петровска ги презентираше идејните иновативни бизнис модели разработени во рамки на документот (Модел 1 – Мрежно поврзани фотоволтаични централи од мали размери; Модел 2 – Договор за енергетски услуги (ЕПС), Компанија за енергетски услуги (ЕСКО) или најмување фотоволтаични централи; Модел 3 – Фотоволтаични централи финансирани од народот и Модел 4 – Фотоволтаични станици за полнење на електрични возила).
Целта на изработката и дисеминацијата на вакви нови стратешки планови е пренесување на европската пракса во општините во државата.