25 Дек ЦеПроСАРД започна со имплементација на нов проект од областа на енергетската ефикасност
Posted at 13:21h
in Новости
Проектот со наслов „Посилна граѓанска поддршка за ефикасна апликација на политиките од областа на енергетиката во процесот на пристапување кон ЕУ“ е поддржан од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA) преку проектот Нордиска поддршка за прогрес на Северна Македонија кој го спроведува УНОПС (United Nations Office for Project Services).
Целта е да се зајакне активното учество и ангажманот на граѓанскиот сектор во спроведување активности што се од јавен интерес, а кои ќе придонесат во процесот на пристапување на земјата во ЕУ.
Проектот предвидува зајакнување на капацитетите и позицијата на ГО за соработка со сите релевантни чинители поврзани со спроведувањето на енергетските политики во Македонија.