05 Мај ЦеПроСАРД го предаде комплетно опремен СТИК-от на корисникот ЦРППР, во Тетово, во рамки на проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“
Posted at 12:05h
in Новости
На 05.05.2021, во Тетово, во присуство на представници од Делегацијата на ЕУ во Приштина, Здружениот технички секретаријат за ЕУ ИПА II преку гранична соработка, Кабинетот на градоначалникот на Општина Тетово, Центарот за развој на Полошкиот Плански Регион, Министерството за локална самоуправа од Скопје, Министерството за администрација на локалната управа од Приштина и ЦеПроСАРД од Скопје
од страна на ЦеПроСАРД, беше извршено предавање на целосно функционален објект – СТИК, на корисникот Центар за развој на Полошкиот Плански Регион.
Овој проект е во функција на придонес за развој и промоција на локалниот и регионалниот туризам преку иновативни пристапи и системи за подобрување на руралното и еколошкото искуство.
Партнери во проектот се:
- Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД како организација лидер;
- Општина Тетово
- Regional Development Agency South, Косово