19 Дек Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД и Планинарскиот Клуб Тетекс од Тетово потпишаа меморандум за соработка
Posted at 10:36h
in Новости
Меморандумот беше потпишан во 19.12.2018 година,со што се уважува намерата меѓу партнерите за воспоставување релации со цел остварување соработка на различни проекти. Двете страни можат да развиваат заеднички проекти од различни области од кои ќе имаат взаемен интерес и притоа заеднички ќе настапат со:
-Учество во заедничко креирање на проекти според утврдени; договори за партнерства по проект;
-Взаемна професионална поддршка;
-Вклучувања во мрежата на партнери;
-Поддршка во процесот на воспоставување на соработка со сите партнери;
-Заедничко учество во дијалогот со социјалните партнери;
-Учество во активностите на Локалната Акциска Група Полог – Лидер;
-Советување и едукација на членовите и клиентите на двете организации.