11 Мај Учество на обука “Лиценцирање на давателите на социјалните услуги“
Учеството на обука за Лиценцирање на давателите на социјалните услуги, организирана од EPTISA во конзорциум со CARE допринесе на 11.05.2021 (вторник) за споделување на искуствата помеѓу веќе лиценцирани провајдери на социјални услуги како и поттикнување на идни провајдери како даватели на овој тип услуги во заедницата.
Целта на обуката беше зајакнување на капацитетот на јавните и приватните даватели на социјалните услуги за подготовка и обезбедување на неопходната документација за добивање лиценца за вршење работи на социјална заштита согласно законските обврски од член 163 и 167 од Законот за социјална заштита. Во тој контекст, јавните и приватните даватели на социјалните услуги ќе ги изградат своите капацитети за правилно толкување и примена на правилниците и поблиску пропишаните услови и критериуми за лиценцирање.
За потребите на проектот ТИМОР за целосно и квалитетно воспоставување на деинстуционализација на 50 лицата со попреченост од СЗ Демир Капија, од особена важност е пријавување на даватели на услуги во домови со поддршка од целата територија на Република Северна Македонија.
Партнери на проектот:
- Центар за промоција на земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД;
- Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
- ЈУ Специјален Завод Демир Капија;
- Општина Демир Капија;
- Фондација Лоза, Шведска
Проектот е финансиран од Eвропската Унија.
Проектот се имплеметира во рамките на Акциската програма на ЕУ за поддршка во образованието, вработувањето и социјалната политика, ИПА II 2017.