
29 Сеп Успешно завршена приказна за поддршка на Социјалните Претпријатија и поддршката за вработување на лицата од ранливи категории
[vc_row css_animation=”” row_type=”row” use_row_as_full_screen_section=”no” type=”full_width” angled_section=”no” text_align=”left” background_image_as_pattern=”without_pattern”][vc_column][vc_column_text]Во Центарот за социјални претпријатија во Скопје го одржавме завршниот настан на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот – Не оставај никој зад себе“.
На завршниот настан направивме приказ на постигнатите проектни резултати и значајноста на социјалните претпријатија во земјата. Проектот работеше на подобрување на социјалното претприемништво и унапредување на социјалните претпријатија во земјата преку поддршка и вработување на ранливите групи граѓани.
Почесни говорници на настанот беа Г-дин Миха Пецељ, претставник од Европската Делегација, г-ѓа Светлана Петровска, извршен директор на ЗГ ЦеПроСАРД, г-ѓа Ратка Пемова, експерт за комуникација на проектот „Поддршка за развој на социјални претпријатија“ и претставници од 6-те регрантирани организации.
Во текот на времетраењето на проектот, проектот овозможи ре-грантирање на 6 организации кои дејствуваат на различно поле, притоа овозможувајќи им јакнење на нивните организациски капацитети преку 7 месечни обуки по мерка согласно нивните потреби и областа во кои делуваат, како и зголемување на нивните капацитети преку вработување на луѓе од ранливите категории.
Проектот даде финансиска поддршка и вработи вкупно 12 лица од ранливите групи граѓани, со што придонесе кон нивна социјална и професионална реинтеграција во општеството.
На настанот беше адресирана потребата за продолжување на процесот за подобрување на условите за работа и капацитетот на социјалните претпријатија во земјата и поддршката за развојот на потенцијалните и постојните социјални претпријатија за значително зголемување на нивниот оперативен капацитет, одржливост и пристап до пазарите, истовремено поддржувајќи го зголемувањето на вработувањето на ранливите групи граѓани.
Изразуваме голема благодарност до ре-грантираните организации, како и сите чинители во процесот за взаемната посветеност кон подобрување на социјалните претпријатија.
Проектот е финанисиран од Европската Унија.
#социјалнопретприемништво #проектПОСОП #ProjectPOSOP #ЕУсоТЕБЕ
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row css_animation=”” row_type=”row” use_row_as_full_screen_section=”no” type=”full_width” angled_section=”no” text_align=”left” background_image_as_pattern=”without_pattern”][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”5867,5863,5861,5859,5857,5855,5851,5849,5853,5865″ img_size=”full” column_number=”3″ grayscale=”no” images_space=”gallery_with_space”][/vc_column][/vc_row]