01 Сеп Тркалезна Маса “Состојби, предизвици и препораки поврзани со имплементацијата на политиките од областа на енергетиката“
Задоволство ни е да ја најавиме Тркалезната Маса “Состојби, предизвици и препораки поврзани со имплементацијата на политиките од областа на енергетиката“ на 03.09.2020 во хотелот Александар Палас.
Тркалезната Маса се организира во рамки на проектот „Посилна граѓанска поддршка за ефикасна апликација на политиките од областа на енергетиката во процесот на пристапување кон ЕУ“.
Воведно обраќање за улогата на општините и институциите во имплементација на политиките од областа на енергетиката пред представниците од граѓанските здруженија ќе имаат:
- Г-дин Јани Макрадули, Заменик министер за животна средина и просторно планирање
- Г-дин Стефан Богоев, градоначалник на Општина Карпош
- Г-дин Александар Наумоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров
- Г-дин Нехри Емрула, директор на Агенција за енергетика
За повеќе информации следете не` редовно на Facebook (https://www.facebook.com/CeProSARD/) и на нашата веб страна www.ceprosard.org.mk.
Проектот го спроведува ЦеПроСАРД со грант доделен од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA) преку проектот „Нордиска поддршка за прогрес на Северна Македонија“ кој го спроведува УНОПС (United Nations Office for Project Services).