Трет консултативен состанок во рамки на проектот FRET-STIC се одржа на 27 ноември, 2019, во Тетово

Трет консултативен состанок во рамки на проектот FRET-STIC се одржа на 27 ноември, 2019, во Тетово

Партнерите на проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри” / FRET-STIC – ЦеПроСАРД Скопје, Општина Тетово и RDA South (Косово), го организираа Третиот консултативен состанок со чинителите од прекуграничниот регион, а во рамки на средбата се одржа и Третиот состанок на Наасочувачкиот комитет.

Настанот беше организиран на 27 ноември 2019, во хотелот НБ Хотел и СПА во Тетово, а покрај партнерите учество земаа претставници од повеќе општини од регионот, организации од областа на туризмот и туристички кластери, здруженија на граѓани, и др.

Покрај преглед на статусот на досега спроведените активности, на настанот беше презентирана и Платформата за паметни туристички инфо центри (STIC- Platform), изработена во рамки на проектот. Изработката на оваа платформа е една од клучните активности на проектот и има за цел вмрежување на новоизградените и постоечките Туристички информативни центри во регионот на Шара.

СИТЕ НОВОСТИ