29 Мај ТРАНСФЕР НА ЗНАЕЊА, ИСКУСТВА И ДОБРИ ПРАКТИКИ се одржа во Радовиш од 25 – 27 мај 2023 година, во соработка со градот Белишќе (Хрватска), проект Зелена топлина
Во рамки на проектот „Зелена топлина“ кој ЦеПроСАРД го спроведува во партнерство со општина Радовиш, во периодот од 25 – 27 мај во Радовиш се одржа обуката „ТРАНСФЕР НА ЗНАЕЊА, ИСКУСТВА И ДОБРИ ПРАКТИКИ“.
На оваа обука, претставниците на градот Белишќе кој е придружен партнер во проектот Зелена топлина – Г-ѓа Љерка Вучковиќ (заменик градоначалник), Романо Клајнсчек и Игор Палох, ги презентираа своите искуства oд управувањето на комуналната услуга за греење со користење на обновливи извори на енергија.
Презентациите исто така ги опфатија и следните теми: Белишќе – енергетски независен град, Проектот за изградба на еко топлана во Белишќе, Проектот за реконструкција на јавното осветлување во Белишќе по ЕСКО моделот Инсталација на соларни електрани на згради во сопственост на градот, СЕКАП (SECAP) – План за одржлива енергија и климатски акции.
Присутните имаа можност и повеќе да се запознаат со проектот Зелена топлина, како и да ги посетат петте општински објекти во Радовиш, каде ќе се воведе новиот систем на греење.
Проектот е ко-финансиран од Европската Унија.