29 Ное Тимот на ЦеПроСАРД спроведе теренското истражување во селата на Шар Планина во општина Тетово за најдобар избор на локација за изградба на собирен и откупен центар за овошје и зеленчук
За потребите за подготовка на Физибилити студија за избор на локација за изградба на собирен и откупен центар за овошје и зеленчук за Шарпланинските села од општина Тетово, ЦеПроСАРД заедно со претставникот од одделението за ЛЕР во Општина Тетово на 29-ти ноември 2017 година, спроведе теренско истражување во дел од Шарпланинските села кои припаѓаат на општината, за идентификација на можна локација за изградба на собирен и откупен центар за овошје и зеленчук. Локалното население земјоделските производи ги користи за сопствените потреби, но дел од производите продава на пазарот во Тетово и на локалните откупувачи.
За избор на најдобра локација за изградба на откупен центар беше направена анкета со локалните земјоделци. Од анкетираните локални земјоделци кои се занимаваат со одгледување на зеленчук и овошје во селата: Шипковица, Бродец, Вешала и Бозовце беа предложени повеќе локации. При теренската посета, тимот на ЦеПроСАРД изработи датотека на фотографии во селата Шипковица и Бродец кои ги прикажуваат можните локации за поставување на еден ваков собирен и откупен центар.