24 Авг Спроведување на хортикултурна терапија во две станбени единици за живеење со поддршка во заедницата во Демир Капија
Во текот на вчерашниот ден, 23.08.2022 како дел од активностите од проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“ одржавме практичен дел од обуката за примена на хортикултурна терапија во рехабилитациски цели при две станбени единци за живеење со поддршка во заедницата во Демир Капија.
На обуката, присутни беа директорката на Специјалниот Завод Демир Капија, г-ѓа Александра Велковска, претставник од Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија, г-ѓа Ива Михајловска, асистентите за живеење со поддршка од станбените единици, координаторите како и дел од стручните лица при Специјалниот Завод Демир Капија.
Окупациониот терапевт, Стојан Андонов даде практични и едноставни примери за примена на окупанциона хотикултурна терапија во домашни услови со примена на техника на пресување на цвеќиња и подготовка на лаванда според јапонска техника – кокедама, при што корисниците зедоа активно учество во подготовка на техниките.
Ваквиот тип на хортикултурната терапија има за цел да ја подобри физичката и менталната сотојба на лицата со попреченост и да придонесе кон активна рехабилитација и рекреација во текот на дневните активности.
Преку имплементирање на активноста, проектот ТИМОР воведува иновативни социјални услуги и придонесува кон значително подобрување на условите за живеење на лицата со попреченост при станбените единции за поддржано живеење во заедницата, како и работи на зајакнување на капацитети на клучните стручни лица кои нудат социјална грижа и нега во заедницата.
Проектот е финансиран од Евроспката Унија.