21 Мај Спроведена настава со часови за одржлив развој во СОУ Ѓорче Петров во Крива Паланка
На 17 мај 2018 година, тимот на ЦеПроСАРД го посети СОУ Ѓорче Петров во Крива Паланка, каде наставници од електротехничката и машинската струка спроведоа настава со часови за одржлив развој за учениците од втора година и трета година.
Во рамки на практичната настава за изработка на веб страни за учениците од втора година, часови одржаа наставниците Драгана Стојановска и Александра Маџоска и тоа за класот II-6 од електротехничката струка, додека за учениците од трета година од машинска струка (клас III-7) по предметот „Моторни возила“, часови одржаа наставниците Бранко Јакимовски и Мијалче Петковски.
Овие часови беа реализирани во рамки на проектот на ЦеПроСАРД „Зајакнување на образованието во средните технички училишта во Македонија преку воведување едукативни програми за целите за одржлив развој“ кој се спроведува во соработка со уште четири други училишта од земјата, а со поддршка на РЕЦ и АДА.