Состанок за конституирање на Планот за изработка на Анализата на моментална состојба на лицата со попреченост во СИ Демир Капија

Состанок за конституирање на Планот за изработка на Анализата на моментална состојба на лицата со попреченост во СИ Демир Капија

На 18.08.2020 експертите ангажирани од страна на проектниот тим на проектот ТИМОР за изработка на Анализа на моментална состојба на лицата со попреченост во СИ Демир Капија, заедно со претседателот на ССЕР и проектниот координатор назначен од страна на ССЕР, одржаа работна средба на која се постави основа и дополнување на Планот за изработување на Анализата на моментална состојба. Состанокот се одржа дигитално на ЗООМ платформата.

На работниот состанок се дискутираше за целите и резултатите кои треба да се постигнат со испорачувањето на Анализата на моменталната состојба на лицата со попреченост во СЗ Демир Капија. Овој документ ќе вклучи анализа на институционалните капацитети како и препораки за последователно дејствување во имплементација на идните активности на проектот ТИМОР.

Изработката а Анализата е дел од поголем заеднички документ кој ќе биде изработен во рамки на поддршката за процесот на деинституционализација во рамки на социјалниот сектор на ЕУ. Овој документ ќе биде доставен на МТСП за понатамошно дејствување на полето на деинституционализација.

Водечкиот апликант на проектот ТИМОР е ЗГ Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД
Ко-аликанти на проектот се:

  • Сојуз на Специјални Едукатори и Рехабилитатори на Република Северна Македонија -ССЕР
  • ЈУ Специјален Институт Демир Капија
  • Општина Демир Капија и
  • Фондација Лоза од Шведска

Времетраење на проектот: 02 Јануари 2020 – 01 Јануари 2023

Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

СИТЕ НОВОСТИ