Состанок во општина Брвеница во рамки на проектот “BUILDLAG“

Состанок во општина Брвеница во рамки на проектот “BUILDLAG“

Во рамки на проектот “Градење на капацитети за одржлив развој на Локалните Акциски Групи – ЛАГ во процесите на интеграција во ЕУ (BUILDLAG)“ на 28.05.18 се одржа состанок во општина Брвеница со цел започнување на процесот на креирање ЛАГ во Полошкиот плански регион.

На состанокот присуствуваа градоначалникот на општина Брвеница, г-дин Енвер Пајазити, претставник од општината, Светлана Петровска од ЦеПроСАРД и претставник на општина Тетово – Снежана Новаковска.

Проектот има за цел зајакнување на јавното приватно партнерство помеѓу рурални невладини организации, бизнис асоцијации и локални власти преку трансфер на знаење, најдобри практики и искуство пренесено од ЕУ за воспоставување и функционирање на Локални Акциски Групи (ЛАГ). Целни групи на проектот се македонски рурални невладини организации, бизнис асоцијациите, како и локалните власти. Вклучувањето на сите чинители во проектот ќе овозможи развој и нивно унапредување, ќе поттикне партнерства за заеднички активности и ќе значи придонес кон глобалните процеси во оваа област.

СИТЕ НОВОСТИ