25 Јул Соработка со институциите – средба на ЗГ ЦеПроСАРД со г-ѓа Александра Велкова директор на Специјален Завод Демир Капија
На 25 Јули 2019 година, во просториите на ЗГ ЦеПроСАРД се одржа состанок со директорката на Специјалниот Завод Демир Капија, г-ѓа Александра Велкова. На состанокот се дискутираше за можностите за идна соработка со Специјален Завод Демир Капија во делот на обезбедување на квалитетни услови за згрижување на штитениците на Заводот. Г-ѓа Светлана Петровска ги презентираше досегашните активности имплементирани од ЗГ ЦеПроСАРД во делот на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со особен акцент во имплементацијата на проектот „Zen-H Balkan”. Г-ѓа Александра Велкова, Директор на Специјалниот Завод, ги посочи можностите за идна соработка во делот на подобрувањето на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливите извори на енергија како и соработка во делот на одржливите земјоделски практики.