Соработка со институциите – средба на ЗГ ЦеПроСАРД со претставници на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија

Соработка со институциите – средба на ЗГ ЦеПроСАРД со претставници на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија

На 16 Јули 2019година, во просториите на ЗГ ЦеПроСАРД се одржа состанок со Г-дин Нехри Емрула, Директор на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија и г-дин Панче Атанасовски, советник за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

На состанокот се дискутираше за досегашните активности имплементирани од ЗГ ЦеПроСАРД во делот на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со особен акцент во имплементацијата на проектот „Zen-H Balkan” и можностите за идна соработка со Агенција за енергетика. Г-дин Нехри Емрула, Директор на Агенцијата за енергетика, ги посочи можностите за идна соработка помеѓу Агенција за енергетика и ЗГ ЦеПроСАРД во делот на подобрувањето на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливите извори на енергија, во индустријата и секторот болници, идните обуки на енергетските контролори, креирањето на политики во делот на ЕЕ, како и потребата од поддршка со опрема за утврдување на енергетски заштеди.

СИТЕ НОВОСТИ