28 Јул Соработка и партнерство на граѓанските здруженија и невладини организации со националните и локалните власти во областа на животната средина и климатските промени
Во рамки на проектот „Посилна граѓанска поддршка за ефикасна апликација на политиките од областа на енергетиката во процесот на пристапување кон ЕУ“, чија цел е да се зајакне активното учество и ангажманот на граѓанскиот сектор во спроведување активности што се од јавен интерес кои ќе придонесат во процесот на пристапување на земјата во ЕУ, преку зајакнување на капацитетите и позицијата на ГО за соработка со сите релевантни чинители поврзани со спроведувањето на енергетските политики во земјата, преку:
- Вклучување на засегнатите страни во подготовката на националните планови за енергетика и клима,
- Стекнување со искуства за подготвување долгорочни и интегрирани локални акциони планови за одржлив развој на енергетиката и климатските промени (SECAP) иницирани од движењето на европски градоначалници,
- Планирачки документи за користење на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност на национално и локално ниво,
- Можни механизми за вклучување на граѓаните во процесот на среднорочно планирање на развој на енергетска ефикасност, на локално ниво,
чија целна група се македонските ГО кои работата во областа на животната средина со фокус на енергетскиот сектор.
Крајни корисници, покрај македонските ГО кои работат во областа на животната средина се и релевантните институции одговорни за имплементацијата на соодветните политики во земјата.
Во исполнување на целите од проектот, поддршка со учество на свои претставници дадоа неколку национални институции и локални самоуправи, како што е и поддршката од Општина Ѓорче Петров, и средбата со градоначалникот, г-дин Александар Наумоски.
Проектот го спроведува ЦеПроСАРД со грант доделен од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA) преку проектот „Нордиска поддршка за прогрес на Северна Македонија“ кој го спроведува УНОПС (United Nations Office for Project Services)