29 Јун Се одржа втората група работилници координирани од ЗГ ЦеПроСАРД за подготовка на Локален еколошки акциски план – ЛЕАП за општина Ѓорче Петров
Posted at 08:24h
in Новости
Работилници за биодиверзитет и управување со отпад за подготовка на Локален еколошки акциски план – ЛЕАП за општина Ѓорче Петров, координирани од ЗГ ЦеПроСАРД, се одржаа на 29.06.2023година во просториите на општина Ѓорче Петров.
ЗГ ЦеПроСАРД заедно со членовите кои беа номинирани во работните групи ги дефинираа предложените приоритетни активности за подобрување на состојбата со отпадот и биодиверзитетот на територијата на општината.
Активноста се спроведува во рамки на Проектот за WWT-SWM „Пилот интервенции за третман на отпадни води и управување со цврст отпад во прекуграничен регион“, кој се спроведува помеѓу општина Ѓорче Петров и општина Ново Брдо од Косово.