23 Јан Редовен консултативен состанок со претставници на UNOPS се одржа во канцеларијата на ЦеПроСАРД на 23.01.2020 год.
Posted at 12:45h
in Новости
Овој состанок се организираше во рамки на проектот „Посилна граѓанска поддршка за ефикасна апликација на политиките од областа на енергетиката во процесот на пристапување кон ЕУ“
Целта на проектот е да се зајакне активното учество и ангажманот на граѓанскиот сектор во спроведување активности што се од јавен интерес, а кои ќе придонесат во процесот на пристапување на земјата во ЕУ.
Проектот е финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA) преку проектот „Нордиска поддршка за прогрес на Северна Македонија“ кој го спроведува УНОПС (United Nations Office for Project Services), а го имплементира ЦеПроСАРД.