30 Јул Ревитализација и обележување на велосипедски патеки во НП Пелистер
Во Националниот парк „Пелистер“, во рамки на проектот Поддршка за подобро управување на природните ресурси во Националниот парк „Пелистер“, во тек се активности за ревитализација и обележување на две велосипедски патеки:
– Кружна патека 10 км: Ротино – Голема Ливада – Магарево – Трново – Ротино, и
– Патека 3,5 км: Ротино – Инфоцентар „Пелистер“.
Активностите опфаќаат расчистување на ниска и висока вегетација, машинско расчистување на теренот, нивелирање и изведба на одводни канавки, рекогносцирање на теренот и нотирање на делници итн.
Овој проект го имплементира ЦеПроСАРД во соработка со НП Пелистер. Истиот е дел од Програмата за Подобро управување со заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.