Работни средби за зајакнување на соработката со локалната самоуправа во општините Ресен, Кривогаштани и Крушево со цел претставување на целите и активностите на проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија преку следење на принципот не оставај никој зад себе”

На 26.07.2022 година, проектниот тим на проектот “Поддршка на Социјалните Претрпијатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе” оствари работни средби во општините Ресен, Кривогаштани и Крушево со цел зајакнување на соработката со локалната самоуправа и претставување на проектните цели и актовности.

Беа дискутирани можностите за соработка и заедничко дејствување во поглед на одржливиот развој на Социјалните Претпријатија на територија на РСМ. Исто така, во разговорот беа дискутирани и сите недостатоци со кои се соочуваат организациите и претпријатијата на овие територии, како и големата застапеност на невработеноста на ранливите категории граѓани.
Проектот “ Поддршка на Социјалните Претрпијатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе ” е финансиран од страна на Европската Унија.

Период на имплементација: од 01.12.2021- 31.05.2023 во времетраење од 18 месеци.

СИТЕ НОВОСТИ