Работна средба во Центарот за развој на Полошкиот Плански Регион со претставници на Општина Тетово и ЗГ ЦеПроСАРД во рамки на проектот FRET-STIC

Работна средба во Центарот за развој на Полошкиот Плански Регион со претставници на Општина Тетово и ЗГ ЦеПроСАРД во рамки на проектот FRET-STIC

Целта на работната средба, одржана на 11.11.2019 беше да се договорат деталите околу подготовката на подлогата и комуналните приклучоци за поставување на туристичкиот инфо центар во Општина Тетово.

Воедно се финализираше подготовката на трета консултативна средба која треба да се одржи во месец декември помеѓу засегнатите претставници од општина Тетово и Призрен кои работат во областа на туризмот.

Активностите се во согласност со проектот “Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри” – ФРЕТ СТИК.

СИТЕ НОВОСТИ