04 Сеп Работна посета во Центарот за развој на Вардарски плански регион во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“
На 04.09.2020, дел од проектниот тим на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“ одржа работен состанок со раководителот и назначени претставници во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион, лоциран во Велес.
На состанокот беа презентирани тековните работни активности на проектот, со посебен акцент на започнување на мапирањето на објекти за формирање на мали групни домови на територијата на Вардарскиот, како и Скопскиот плански регион и начините за соработка со проектниот тим и консултантите ангажирани за оваа активност со назначени лица од општините кои припаѓаат на овој плански регион. Претставник од Вардарскиот плански регион е член и во насочувачкиот комитет на проектот со цел следење на текот на имплементација на истиот и давање на свој придонес за успешна и квалитетна реализација на активностите.
Проектот го спроведува ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:
• Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
• Специјален Завод “Демир Капија“;
• Општина Демир Капија и
• Фондација Лоза од Шведска.
Проектот е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци.