20 Апр Работна посета во СЗ Демир Капија со цел отпочнување на процесот за подготовка на корисниците за процесот на деинституционализација
На ден 20.04.2021 дел од проектниот тим, заедно со претставници од организацијата Македонско Монтесори Здружение одржа работна посета на СЗ Демир Капија, со цел дефинирање на планот за подготовка на лицата со попреченост за деинституционализација во СЗ Демир Капија и подготовка на просторија за директна работа со корисниците.
На работната посета најпрво беше дефиниран планот според кој ќе тече подготовката на лица со попреченост со цел нивна подготовка за извршување на секојдневните задачи самостојно и прилагодувањето на живеењето со поддршка во заедницата. Подготовката ќе започне етапно, во соработка со стучниот кадар од СЗДК и прилагодување според потребите на корисниците, следејки пристап и методологија заеднички прифатен од страна на проектите кои работат во грантовата шема за поддршка на ДИ во земајта. Со овие групи ќе работат стручни работници ангажирани од страна на Македонското Монтесори Здружение. Исто така, за успешна подготовка обезбедена е просторија во која ќе се развиваат различни способности на корисниците од СЗДК. На посетата беа дистрибуирани и материјали за работа обезбедени од страна на ангажираната организација.
Проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“ е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци, а се спроведува од страна на ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:
- Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна
- Специјален Завод “Демир Капија“;
- Општина Демир Капија и
- Фондација Лоза од Шведска