12 Авг Работи на ревитализација и обележување на велосипедски патеки во НП Пелистер
Posted at 10:54h
in Новости
Продолжуваат градежните активности за ревитализација и обележување на две велосипедски патеки во НП „Пелистер“. Работите се изведуваат во рамки на проектот Поддршка за подобро управување на природните ресурси во Националниот парк „Пелистер“, а зафатите се вршат на:
- Кружна патека 10 км: Ротино – Голема Ливада – Магарево – Трново – Ротино, и
- Патека 3,5 км: Ротино – Инфоцентар „Пелистер“.
Овој проект го имплементира ЦеПроСАРД во соработка со НП Пелистер. Истиот е дел од Програмата за Подобро управување со заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.