Работилница за изработка на Локален Акциски Еколошки План -ЛЕАП за општина Ѓорче Петров

Работилница за изработка на Локален Акциски Еколошки План -ЛЕАП за општина Ѓорче Петров

Денес, 22.06.2023година во просториите на општина Ѓорче Петров ја реализиравме првата работилница за изработка на ЛЕАП.
На работилницата тимот на ЗГ ЦеПроСАРД ги презентираше резултатите од спроведената анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните од општина Ѓорче Петров за проблемите со животната средина.
ЗГ ЦеПроСАРД заедно со членовите номинирани во работните групи, ги дефинираа првите предлози на приоритетните активности за подобрување на состојбите со медиумите почва и воздух на територијата на општината.

Активноста се спроведува во рамките на проектот „Пилот интервенции за третман на отпадни води и управување со цврст отпад во прекуграничен регион”, имплементиран помеѓу општина Ѓорче Петров и Општина Ново Брдо од Косово.

Линк

СИТЕ НОВОСТИ