01 Мар Работен состанок со компанијата за изработка на веб страницата и инфографиците за проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот- Не оставај никој зад себе
На 01.03.2022, како дел од активностите за видливост и диссеминација на проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот- Не оставај никој зад себе, беше одржан работен состанок помеѓу претставник на компанијата 4Виртус и проектниот менаџер.
Состанокот беше со цел да се дефинираат конечните параметри за изгледот и функционалноста на веб страницата, како и динамиката на изработка, изгледот и составот на инфографиците.
Овие активности за промоција, диссеминација и вмрежување се изведуваат за време на целиот проект.
Проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија преку следење на принципот не оставај никој зад себе” е финансиран од страна на Европската Унија.
Период на имплементација: од 01.12.2021- 31.05.2023 во времетраење од 18 месеци.