Работен состанок на партнерите на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“ во Битола

Работен состанок на партнерите на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“ во Битола

Редовен координативен состанок на партнерите на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“, ЦеПроСАРД и НП Пелистер, се одржа на 17.08.2018 во канцеларијата на паркот во Битола.

На состанокот беше направен преглед на имплементацијата на активностите, се дискутираше за динамиката со која се одвиваат и се поставија насоки за следниот квартал кој опфаќа поинтензивна работа на терен.

Во периодот септември – октомври 2018 година, е планирано да се финализира инсталацијата на опремата за мониторинг на крупни месојади.

Со тоа се создаваат услови за започнување на мониорингот кој во првите 12 месеци ќе биде поддржан од експерти со тридневна обука на вработените во Паркот, како и практична поддршка на терен.

СИТЕ НОВОСТИ