Промоција на нова станбена единица во општина Демир Капија воспоставена во рамки на проектот Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР

Промоција на нова станбена единица во општина Демир Капија воспоставена во рамки на проектот Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР

На 22.07.2022 година (петок) во Демир Капија Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров беа во посета на една од двете ново отворени станбени единици за живеење со поддршка во заедницата (групни домови) при ЈУ Специјалниот Завод Демир Капија кои се воспоставени во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР.

Во рамки на проектот до сега се воспоставени 6 станбени единици за живеење со поддршка во заедницата, што значи дека 30 корисници на Специјалниот Завод Демир Капија имаат свој нов дом и се раселени во процесот на деинституционализација.

Живеењето со поддршка за лицата со попреченост е вистински одговор за подобрување на условите, стандардите и грижата кон овие лица, но и почитување на одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Само континуирана работа во полето на социјалните услуги во заедницата ќе создадеме општество кое нуди еднакви можности за сите жители, особено вклучувајки ја најранливата категорија на граѓани.

Проектот се имплеметира во рамките на Акциската програма на ЕУ за поддршка во образованието, вработувањето и социјалната политика, ИПА II 2017.

Партнери на проектот:
Центар за промоција на земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД;
Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
ЈУ Специјален Завод Демир Капија;
Општина Демир Капија;
Фондација Лоза, Шведска

Проектот е финансиран од Европската Унија.

СИТЕ НОВОСТИ