Проект Зелена Топлина – воведување ефикасна услуга за греење ориентирана кон потрошувачите (преку мала дистрибутивна мрежа) која е базирана на обновливи извори на енергија

Проект Зелена Топлина – воведување ефикасна услуга за греење ориентирана кон потрошувачите (преку мала дистрибутивна мрежа) која е базирана на обновливи извори на енергија

Во тек е прибирањето на информации за изработка на Програмата за енергетска ефикасност на Општина Радовиш за периодот 2025–2027 година. Истовремено, работиме на изработка на Бизнис моделот за ЕЛРАД кој ќе обезбеди долгорочна одржливост и подобрување на енергетските услуги во општината.

📌 Во рамките на проектот „Green Heat“, финансиран од ИПА II програмата, е во тек постапката за избор на фирма која ќе отпочне со процесот на поставување на топлотни пумпи во пет јавни објекти во Радовиш. Овој систем ќе придонесе за:

✅ Намалување на трошоците за енергија.

✅ Активирање на обновливите извори на енергија.

✅ Заштита на животната средина преку намалување на загадувањето.

Продолжуваме заедно да градиме зелена иднина за нашата општина! 🌱

👉 Повеќе информации на нашата веб-страница.

#GreenHeat #ЕнергетскаЕфикасност #ОбновливиИзвориНаЕнергија #ОпштинаРадовиш #CeProSARD #EU

СИТЕ НОВОСТИ