11 Ное Проектниот тим на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР, со директна финансиска помош од страна на партнерот во проектот Фондација Лоза од Шведска обезбеди поддршка на вработените на Специјалниот Завод Демир Капија
Проектниот тим на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР, со директна финансиска помош од страна на партнерот во проектот Фондација Лоза од Шведска (Loza Foundation) обезбеди поддршка на вработените на Специјалниот Завод Демир Капија, со времено вработување на тројца асистенти за поддржано живеење кои ќе го дополнат персоналот во Заводот во периодот октомври-декември 2020 година.
Целта на оваа активност е директна поддршка како на корисниците, така и на вработените во Заводот, за да се олеснат предизвиците и потешкотиите во новите работни услови кои се создадени во време на оваа криза од пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот.
Општа цел на проектот е поддршка на процесот на деинститутионализација на лицата со попреченост од резиденцијалните институтции во станбени единици за поддржано живеење во заедницата во Република Северна Македонија преку давање на иновативни специјализирани социјални услуги.
Имплементатори на проектот:
?”Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” – ЦеПроСАРД, граѓанска организација во конзорциум со:
? СЗ Демир Капија ЈУ
? Општина Демир Капија
? Сојуз на Специјални Едукатори и Рехабилитатори на Република Северна Македонија
? Фондазија Лоза, Шведска
Проектот е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци.