
12 Окт Продолжување на активностите на проектот “Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри FRET-STIC“
Posted at 08:36h
in Новости
Во хотелот „Скрадус“ на Попова Шапка во рамки на проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички центри-FRET STIC“ се одржа првиот консултативен состанок со чинителите на кој проектот беше представен со презентации од трите проектни партнери „ЦеПроСАРД“ од Скопје, „RDA-South“ од Призрен и Општина Тетово.
Во вториот дел од состанокот се одржа и првиот состанок на Насочувачкиот Комитет, на кој беше избран раководител на Комитетот, по што беше изведена презентација на статусот на спроведување на проектните активности, процедури утврдени во рамките на проектот, и се дискутираше за понатамошни активности.
Проектот е финансиран од Европската Унија.