11 Мај ПРИЈАВЕТЕ СЕ – бесплатни КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ СПОРЕД МОДЕЛОТ SMARTRURAL за лица/претприемачи од Пелагонискиот плански регион
Ги покануваме лицата/претприемачи од Пелагонискиот плански регион да се пријават за учество во пилот-активности кои се спроведуваат во рамки на проектот SmartRural.
Тројца избрани учесници ќе имаат можност да добијат бесплатни:
- Ресурси за обука:
- Пакет од тренинг материјали;
- Пристап до онлајн платформата на проектот SmartRural за учење на далечина.
- Индивидуални консултации со експерти на ЦеПроСАРД, со времетраење од 6 училишни часови, прилагодени на интересите и потребите на конкретниот учесник.
- Индивидуален план со персонализирани упатства и препораки
Пилот-активностите се насочени кон следните три категории апликанти кои:
• А. Имаат бизнис идеја/сакаат да започнат сопствен бизнис
• Б. Живеат и развиваат бизнис активност во рурална област
• В. Тие не живеат, но развиваат бизнис активност во рурална област
Кандидатите треба да се на возраст над 18 години.
Едно лице може да аплицира со повеќе од еден формулар доколку учествува со различни бизнис идеи или претставува активности на различни компании во кои учествува, но може да биде избрано само за една пилот активност.
Повеќе информации за начинoт на избор на учесниците:
ЧЕКОРИ
- ПРИЈАВУВАЊЕ – Изразување интерес преку пополнување на формуларот ( https://www.surveymonkey.com/r/D6SLWPS )
Крајниот рок за ПРИЈАВУВАЊЕ е 12.05.2021 година. - АДМИНИСТРАТИВНА ПРОВЕРКА на пристигнатите пополнети формулари
Оваа фаза вклучува исполнетост на бараните критериуми:
• Усогласеност со барањата за подобност на целната група на проектот – кандидати над 18 години
• Припадност на една од следните целни групи:
А. Кандидати со идеја за започнување сопствен бизнис;
Б. Претприемачи кои живеат и имаат бизнис во рурална област;
В. Претприемачи кои не живеат, но работат во рурална област.
• Податоци – опис на бизнис идејата или претприемничката активност
• Податоци за образование, вклучително завршени курсеви за квалификација
• Податоци за професионално искуство – работно искуство, искуство во претприемништво, самовработување и др.
Кандидатите се рангираат по опаѓачки редослед согласно резултатите од поднесените пополнети формулари за регистрација.
Во случај на еднаков резултат на кандидатите, приоритет ќе имаат кандидатите со други релевантни квалификации и вештини. Доколку случајот не е опишан, евалуаторите ќе ја извршат оцената врз основа на нивната стручна проценка за мотивацијата на кандидатот.
3. ИЗБОР НА УЧЕСНИЦИ
Прворангираните шест апликанти ќе влезат во потесниот избор на учесници
Евалуаторите можат да спроведат и кратки структурирани интервјуа (преку телефон, скајп, Zoom или друга електронска алатка) со кандидатите со цел да ги идентификуваат конечните тројца учесници во пилот-активностите на проектот SmartRural..
Структурираните интервјуа ги вклучуваат следните категории на прашања: информирање на кандидатот за неговиот / нејзиниот ранг на листата на кандидати за учество во пилот-активности; општи прашања што не се оценуваат, на пр. како кандидатот се информирал за пилот-активностите, какви обврски има и можноста да учествува во планираниот период на нивно спроведување; прашања во врска со мотивацијата на кандидатот за евалуација – во смисла на планирани бизнис идеи и претприемништво, лични и професионални цели и план за развој.
Тимот на евалуатори ќе се води по принципите на градење инклузивно општество засновано на почитување на човековите права, различноста и овозможување еднакво учество на сите, општество кое гарантира дека сите луѓе имаат еднакви можности. Ќе се отфрли секаква дискриминација и ќе се стреми кон промоција на правична родова застапеност, вклучување на млади и маргинализирани лица секаде каде што е тоа применливо.
Пополнет формулар за регистрација може да се достави и во Word документ по мејл на info@ceprosard.org.mk како и директно во канцеларијата на ЦеПроСАРД.
Доколку ви е потребен ваков формат на формулар или имате прашања, Ве молиме да не контактирате на: info@ceprosard.org.mk
Според Регулативата на Европската Унија за заштита на податоци, собирањето, обработката и користењето на лични податоци е дозволено доколку националното законодавство дозволува или предвидува или засегнатата личност е согласна на тоа. При пријавување за учество, апликантите се согласуваат личните податоци кои ги наведуваат во формуларот за пријавување да бидат користени за целите поврзани со спроведувањето на проектот “SmartRural“.