Присуство на четвртиот регионален Социо-еколошки форум во Скопје

Присуство на четвртиот регионален Социо-еколошки форум во Скопје

На покана Фондацијата „Фридрих Еберт“, присуствувавме на четвртиот регионален Социо-еколошки форум во Скопје.

Целта на форумот е на едно место да ги собере прогресивните носители на одлуки, претставници на синдикати, младински лидери, невладини организации од Западен Балкан, но и од останатиот дел на Европа каде заеднички ќе се дискутира за можностите и потребите за социјално праведна еколошка трансформација, а истовремено да се поддржи и одржлив економски развој ставајќи крај на сиромаштијата со фосилни горива како што е особено видлива во овој регион.

На форумот се беа опфатени дискусии за праведноста на енергетската транзиција кон обновливи извори на енергија и вклученоста на граѓаните во овој процес од крајни потрошувачи до производители потрошувачи, како и можностите за членување во енергетски задруги. На панелните дискусии беа изнесени и позитивни примери и практики во енергетиката од земјите во регионот и ЕУ.

Настанот беше прилика и за вмрежување со консултантската организација во проектот Зелена енергија – Поттикнување на социјалното претприемништво преку формирање пилот енергетски задруги во прекуграничниот регион – Зелена Енергетска Задруга од Хрватска, чиј претставник беше дел од #SEFTalks на форумот и истакна дека енергетските задруги играат голема улога за надминување на енергетската сиромаштија, заштеда на енергија и инвестирање во нови извори на енергија.

СИТЕ НОВОСТИ