21 Мар Присуство на Состанокот на Насочувачки комитет организиран од проектот “Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“
Posted at 11:15h
in Новости
Претставник од проектот Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР на 21.04.2021 присуствуваше како набљудувач на Состанокот на Насочувачки Комитет на проектот “Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“.
На состанокот беше презентиран годишниот извештај изработен во рамки на проектот, остварените резултати до сега, како и идните планирани активности за периодот март – август 2021 година. Општата цел е да се поддржи долгорочното и одржливо вклучување на лицата со попреченост како еднакви и активни граѓани во своите заедници и во целото општество, преку поддржување и зајакнување на спроведувањето на новата Национална стратегија за деинституционализација 2018-2027.