Преку платформата за онлајн следење го одржавме вториот состанок на конзорциумот по проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка” -ТИМОР

Преку платформата за онлајн следење го одржавме вториот состанок на конзорциумот по проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка” -ТИМОР

На 22.04.2020 го одржавме вториот состанок на конзорциумот на проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка” -ТИМОР преку ZOOM платформата за онлајн следење.

На овој состанок со ко-апликантите: Сојузот на специјалните едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија, Општина Демир Капија, Специјалниот Завод Демир Капија и Фондацијата Лоза од Шведска, дискутиравме за имплементацијата на проектните активности во услови на пандемија и можностите за помош на лицата со попречност сместени во институциите. Особено внимание посветивме на состојбата и потребите на лицата со попреченост во СИ Демир Капијa, која детално ни ја презентираше Александра Велкова, директор во Специјален Институт Демир Капија.

Проектот се спроведува со финансиска поддршка Европска Унија, преку Акциската Програма ИПА II 2017 за ЕУ Поддршка за Образование Вработување и Социјална Политика; Поддршка на процесот за деинстуционализација во Социјалниот Сектор.

СИТЕ НОВОСТИ