Презентиран ОПШТИНСКИ ПЛАН ЗА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА (ОППОЕ) за Општина Бутел изработен во рамки на проектот Зелена енергија – Поттикнување на социјалното претприемништво преку формирање пилот енергетски задруги во прекуграничниот регион

Презентиран ОПШТИНСКИ ПЛАН ЗА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА (ОППОЕ) за Општина Бутел изработен во рамки на проектот Зелена енергија – Поттикнување на социјалното претприемништво преку формирање пилот енергетски задруги во прекуграничниот регион

На 05.03.2024 во големата сала во Општина Бутел беше презентиран изработениот документ – ОПШТИНСКИ ПЛАН ЗА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА (ОППОЕ) за Општина Бутел изработен во рамки на проектот “Зелена енергија – Поттикнување на социјалното претприемништво преку формирање пилот енергетски задруги во прекуграничниот регион“.

Општинскиот план за искористување на обновливите извори на енергија за општина Бутел претставува важен документ кој има за цел преку предлагање на иновативни и повторливи технички и деловни решенија да се поттикне примената на обновливите извори на енергија. Потенцијал и најголем потик за заштеда на средства во општинската економија има во заштедата на енергија и нејзино подобро искористување, притоа нагласувајќи ги можностите за примена на мерките за енергетска ефикасност во образовниот сектор, административниот сектор и уличното осветлување.

Исто така потенцијалот за инвестиции во ОИЕ со кој располага општина Бутел може да ги задоволи потребите од енергија во рамки на 20-30%, а се однесува на инвестиции на јавни објекти, инвестиции во секторот домување (индивидуално и колективно) и инвестиции во секторот индустрија во делот на индустриската зона и бизнис секторот.

Особено важен сегмент од ОППОЕ за општина Бутел се дизајнираните иновативни бизнис модели , преку кои се креираат можности за инвестиции во ОИЕ од страна на приватниот сектор кој е движечки фактот кој допринесува за локален и регионален економски развој.

Предмет на програмата ОППОЕ е да се идентификуваат проекти кои ќе обезбедат инвестиции со примена на технологии за производтсво на електрична и топлинска енергија од ОИЕ во јавни објекти во општина Бутел. Воедно да креираат услови и можности за инвестиции во ОИЕ од страна на домаќинствата и бизнис секторот со цел општината да ја направи енергетски независна и одржлива општина. Од стручен и технички аспект програмата се базира на стратегија за одржливо користење на соларната енергија заснована врз проценка на енергетските потенцијали на локалните
ресурси и локалните потреби и се осврнува на проблемите што постојат како главни бариери за развој на ефикасно користење на енергијата во општина Бутел.

Воедно во ОППОЕ за општина Бутел е утврдена и улогата на обновливите извори на енергија, тековни трендови, инвестиции и финансии во обновливите извори на енергија во однос на искористувањето на сончевата енергија. Во прилог на ОППОЕ за општина Бутел се дадени насоки и списоци на чекори за реализација на проекти со ОИЕ што е додадена врдност на овој документ кој може да има поголема практична примена како од општинската администарција така и од граѓаните и бизнис секторот во општината.

Проектот Зелена Енергија е кофинансиран од Европската Унија во рамки на финансискиот инструмент за претпристапна помош (ИПА II) преку Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија (2016-2020) и се имплементира во соработка со општина Медвеџа, ЦеПроСАРД и општина Бутел.

СИТЕ НОВОСТИ