Презентирани резултатите од спроведените енергетски контроли на ЈЗУ Општа болница Охрид во рамки на проектот ЗенХ – „Болници на Балканот со енергија близу нула“

Презентирани резултатите од спроведените енергетски контроли на ЈЗУ Општа болница Охрид во рамки на проектот ЗенХ – „Болници на Балканот со енергија близу нула“

Денес, 25.10.2019 во просториите на ЦеПроСАРД, ангажираните експерти за спроведување на енергетски контроли во рамки на проектот ЗенХ – „Болници на Балканот со енергија близу нула“ ги презентираа резултатите од спроведената енергетска контрола на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Овие активности се спроведуваат за постигнување на една од целите на проектот – Подготовка на детална анализа и тестирање на модели за изградба и реконструкција на болнички згради во згради со потрошувачка на енергија близу до нула. Ова се први т.н. „контроли во од” и деталени енергетски контроли на болничките згради во Република Северна Македонија.

Партнери во проектот:
• Демокрит Универзитетот во Тракија, Одделот за инженерство на животната средина, Ксанти, Грција
• АЛБАФОРЕСТ, Албанија
• Софија енергетски центар ДОО, Бугарија
• Институт Кипар, Кипар

Донатор:
ИНТЕРРЕГ Балкан-Медитеран 2014-2020 Европски фонд за регионален развој

СИТЕ НОВОСТИ